НУК денес ќе го издаде првиот сертификат и безбедносен печат „SAFE TRAVELS“

од Vladimir Zorba
365 прегледи

На покана и барање на Здружението за туризам и угостителство Охридски ЕСНАФ во Хотел СУ, Охрид во периодот од 11:00 до 17:00 часот, Независната угостителска комора – НУК ќе ги презентира на Охридските и Струшките угостители начините и бенефитите од стекнување на правото за користење на сертификатите ЧИСТО И БЕЗБЕДНО (CLEAN & SAFE) и SAFE TRAVELS. Во текот на денот од страна на комисијата на НУК ќе биде направена првата физичка проверка и ќе биде издаден официјално првиот сертификат и безбедносен печат SAFE TRAVELS за членките на НУК.

За време на презентацијата ќе биде презентиран и начинот за стекнување со правото за добивање на премиум златен сертификат ЧИСТО И БЕЗБЕДНО “COVID-19 SAFE ZONE” (Ковид-19 безбедна зона) заедно со Генералниот покровител на кампањата ЧИСТО И БЕЗБЕДНО кој го застапува лидерот во светот на прочистувачи на воздух шведскиот бренд BLUAIR со новата линија HEALTPROTECT.

Со презентацијата на начините за стекнување на сертификатите пред Охридско-Струшките угостители ќе бидат презентирани и првите прочистувачи кои го елиминираат живиот SARS-COV-2 вирус од воздухот како и бенефитите од нивното користење и имплементирање во угостителските објекти.

Угостителски објекти (ресторани, кафетерии, барови, клубови, хотели, мотели и останати сместувачки објекти од мал обем) сега имаат можност да се здобијат со национален ЧИСТО И БЕЗБЕДНО и интернационален сертификат SAFE TRAVELS со кои се верификува дека во нивните угостителски објекти во целост се спроведуваат, практикуваат и почитуваат националните и глобалните препораки за превенција и заштите во ширењето на пандемијата со Ковид-19.

На овој начин угостителите преку единствени процедури кои ги обединуваат сите препораки дадени од Светската здравствена организација, како и препораките кои се применуваат во соседството и Европската унија, заедно со протоколите за работа дадени од Комисијата за заразни болести, насоките и препораките за справување и спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 од Министерството за здравство и Владата можат да извршат проверка и да го усогласат своето работење со цел да се здобијат со глобално признаени сертификати со кои на домашните и странските гости им се гарантира поголема безбедност во посетата на овие објекти. Добивањето сертификат ЧИСТО И БЕЗБЕДНО и SAFE TRAVELS е од посебно значење не само за време на пандемијата Ковид-19, туку и за постковид периодот, затоа што не само локалните гости туку и на останатите потенцијални туристи и посетители на Македонија на овој начин сакаме да им укажеме дека сме тука да се грижиме за нивната сигурност и здравје при нивната посета и престој во македонските угостителски објекти.

Сертификацијата и добиените електронски печати угостителите можат да ги користат во своите рекламни материјали, на социјалните мрежи, на своите веб страни во електронска форма, како и на влезните врати на самите угостителски објекти. На овој начин се стекнува единствена потврда дека угостителските објекти исполниле не само локални стандарди туку дека исполнуваат и многу глобални стандарди за превенција и заштита на личното здравје, поготово од Ковид-19 со што можат слободно на своите гости да им гарантираат чист, безбеден и пријатен престој како по дома.

Угостителите и сопствениците на сместувачки капацитети од мал обем за време на еднодневната презентација ќе имаат можност веднаш на лице место да ги пополнат апликациите и угостителскиот објект да го сертифицираат и да се стекнете со правото на користење на сертификатите ЧИСТО И БЕЗБЕДНО – CLEAN AND SAFE и SAFE TRAVELS.

Слични содржини