„Просто сме вчудоневидени на некоректниот однос на Министерот Венко Филипче и Министерството на здравство што имале т.н. состанок со стопанските комори на почетокот на неделата од кои во моментов ги очекуваат списоците за вакцинација заклучно со 17ти Мај 2021 година од привилегираните и омилени комори на Владата“, соопштија од Независната угостителска комора (НУК).
„Зарем се доведовме на тие на кои навистина им е најпотребна вакцината за да можат да ги вршат своите работни задачи професионално во интерес на јавното здравје да не бидат јавно запознаени со можностите кои ги понудило Министерството за здравство за сите комори, здруженија и асоцијации, а не само за членките на наведените комори.
Зарем не им е срам на овие четири комори и понатаму во име на сите да договараат повторно позади затворена врата лични интереси со Владата за своите членки и прават приоритетни листи на вработени во нивни фирми за вакцинација додека угостителите повторно ќе извисат.
Според информациите дадени на денешната пладневна изјава на Министерот Венко Филипче повторно со привилегираните комори дефинирана е постапка, за најдоцна до понеделник, 17.5.2021 година, да се достават списоци за вакцинација за членките на Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори. Истите треба да подготват листи на заинтересирани за вакцинирање со лични податоци и пунктови за имунизација во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Тетово и Охрид.
Ги прашуваме јавно и транспаретно и Министерот Венко Филипче и Претседателите на овие комори зошто угостителите и Независната угостителска комора која најмногу допринесе во остварување на правата на угостителите во изминатиот период повторно се игнорираат и деградираат.
Зарем не беше доволно што Стопанската комора на Северна Македонија донацијата за вакцинација дадена од соседна Србија која имаше обврска да ја сподели со сите комори ја искористи себична за лични интереси и само за своите членки.
Министерот да се извини јавно на сите угостители и Министерството за здравство најбрзо што може јавно да ги објави информациите и начините планирани за вакцинација кои ги договориле со коморите и овозможи рамноправно вакцинирање на сите угостители и угостителски работници, а не само вакцинација на привилегирани членки на овие комори“, посочуваат од НУК.