НУК: На маса да седнат повеќе од четири лица и да има жива музика

од Nikola Popovski

Претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски денес на прес-конференција изјави дека имаат нови барања.

„Бараме укинување на ограничувањето на работното време, на маса да можат да седат повеќе од 4 лица и да има жива музика. Дел од угостителските објекти традиционално имаат групи кои вршат анимација на гостите, од кои објектот зависи. Тоа што во моментов е ускратено правото на музичарите, не е проблем само загуба што ја трпат музичарите, туку проблем е што губат и угостителските објекти“, вели Јосифовски.

Тој смета дека е голема неправда доколку Владата или било кој министер мисли дека со одлука ќе се додели финансиска помош само на едни, а другите ќе бидеме набљудувачи и ќе гледаме како тие пари ги насочуваат за друга употреба.

Од НУК информираа дека ќе промовираат сертификати за безбедна зона, што значи дека кафулињата и рестораните кои имаат таков сертификат задолжително ќе мора во затворениот дел да имаат прочистувач на воздух.

Слични содржини