Претставници на угостителите денеска треба да имаат средба со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, а на него ќе се дискутира за мерките кои ќе ги соддржи петтиот антикризен пакет.
– Се надеваме дека средбата ќе даде резултати и во рамки на можностите на Владата со новиот петти сет економски мерки, покрај угостителските работници, финансиска помош ќе добијат и сите зависни и засегнати индустрии. Она што го знаеме е дека за угостителската индустрија ќе продолжи субвенцијата за плати. Очекуваме без услови секој угостител за секој вработен да ја добие соодветната поддршка за покривање на загубите во висина на 20-те милиони евра што ги баравме за сите 6.500 угостителски објекти, да се донесе одлука и да биде сукцесивно распределена од 1.000 до 5.000 по угостителски обејкт, истакнува Јосифосвки, вели претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.
Вчера премиерот Заев одговарајќи на пратенички прашања во Собранието посочи дека во делот на угостителството таргет во новиот сет мерки ќе бидат хотелите кои се надвор од туристичките места и кои, најверојатно, ќе се помогнат со грантови.
Субвенции, смета НУК, треба да има и за ноќните клубови, за рестораните кои организираат прослави и настани, но и за естрадните уметници кои се исто така загрозена категорија со оглед дека нивните настапи во корона кризата не се дозволени.