Независната угостителска комора утринава до Владата доставила барање за измена на јавниот повик за финансиска поддршка на угостителите со цел да бидат опфатени сите угостители на кои со владината одлука од 5 април им беше забрането да работат.
„Владата НЕ СМЕЕ да дозволи неправда со една одлука да ги затвори сите угостителски објекти, а со друга одлука да им овозможи неповратна финансиска поддршка само на дел од истите само затоа што законската регулатива не обврзува и не задолжува вршењето на угостителска дејност да биде исклучиво преку шифра на дејност 56 која се однесува за подготовка на оброци и служење на храна. Мерката од 6-тиот сет мора да поистоветува со презентираните начини на надомест на штетите за сите угостители и угостителски објекти кои беа затворени.Факт е дека сите оние што претрпеле штета од одлуката со која беа затворени имаат еднакво право на оваа мерка со кој мора да има реална рамноправна и неселективна неповратна финансиска помош на сите угостители и затекнати угостителски работници“, велат од Комората.