НУК: Состанокот со вицепремиерот Битиќи презакажан за 30. јануари

139 прегледи

Утрово по објавените реакции на Независната угостителска комора од Кабинетот на Вицепремиерот Битиќи е презакажан нов термин за работна средба во сабота 30-ти Јануари 2021 година во 14:00 часот.

Од Кабинетот на заменик претседателот на Влада за економски прашања утрово телефонски е презакажана договорената работна средба со Вицепремиерот Битиќи и претставници на Независната угостителска комора за сабота 30ти Јануари во 14:00 часот.

Се надеваме дека средбата ќе вроди резултати и во рамките на можностите на Владата со новиот петти сет економски мерки покрај угостителските работници и сите угостители и зависни и засегнати индустрии од угостителската индустрија ќе ја добијат неопходната финансиска помош и поддршка.

Слични содржини