НУК: За в петок закажана средбата со Фатмир Битиќи, очекуваме поддршка и помош за бруто плати за угостителските работници

228 прегледи

Денес во 10:00 часот од Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Битиќи е закажана работна средба согласно нашите предлози на очекувања и барања за дополнителна помош и поддршка на угостителската индустрија.

Посебно ни е драго што како Независна угостителска комора во име не само на членките на комората туку и во име на целокупната угостителска индустрија ќе имаме можност да дадеме придонес креирање на неопходенниот петти сет економски мерки кои се надеваме ќе биде последен. Конечно како релеватни претставници на угостителската индустрија ќе можеме директно и изворно да укажеме на проблемите и потребата од посебната поддршка и помош наменета за угостителите.

Независната угостителска комора доби покана за работна средба за петок 29-ти Јануари во 14:00 часот по основ на доставените и предложени барања и очекувања од Владата за поддршка и помош од петтиот сет економски мерки.

Како претставници на комората на заедничка маса заедно со претставници на Владата на чело со Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Битиќи ќе имаме можност директно и изворно да ги дознаеме можностите и напорите на Владата што ги превзема за помош и поддршка на угостителската индустрија, како и вистински и реално да ја пренесеме реалната ситуација со која угостителската индустија се соочуваше во период на пандемија Ковид-19.

Во однос на барањата се надеваме дека најбитното основно и круцијално барање за субвенција – поддршка и помош за бруто плати за угостителските работници за периодот Јануари-Март 2021 година ќе биде прифатено што на угостителите ќе им овозможи да ги задржат во целост своите вработени, а по основ на останатите очекувања и барања ќе успееме да заеднички да изнајдеме начини прифатливи за угостителската индустрија према можностите на Владата

Во зависност од можностите и условите за одржување на работната средба доколку дозволуваат условите и протоколите на средбата покрај претставници на НЕЗАВИСНАТА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА, ќе бидат поканети и претставниците на здруженијата КЛУБ ЕСНАФ од Битола, ПРИЛЕПСКИ МЕАНЏИИ од Прилеп, ТИКВЕШКИ УГОСТИТЕЛИ од Кавадарци, БИСЕР од Куманово, ЗУТ КРУШЕВО од Крушево, АНТИГОНЕА од Неготино и ОХРИДСКИ ЕСНАФ од Охрид вклучувајќи и претставници на останатите туристичко угостителски комори.

Слични содржини