ЊУКАСЛ ИЛИ САУДИСКА АРАБИЈА? „Страчките“ го претставија новиот дрес, навивачите разочарани (ФОТО)

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Фудбалскиот клуб Њукасл денеска ги претстави новите дресови кои ќе се користат следната сезона.

Се очекува „страчките“ да направат големи работи во новата сезона откако клубот пред нешто повеќе од половина година го купи Мохамед бин Салман, од кого се очекуваат огромни инвестиции на „Сент Џејмс Парк“.

Богатите сопственици од Саудиска Арабија не кријат дека сакаат Њукасл да биде еден од најдобрите клубови во Европа, но јасно е дека за тоа ќе им треба време и многу пари.

Во Њукасл со месеци владее еуфорија поради доаѓањето на новите лидери, но не сите се воодушевени од големите промени кои се случуваат.

Многу фанови на овој клуб беа изненадени од изгледот на новите дресови на Њукасл кои клубот официјално ги претстави утринава. Ова е трет комплет дресови во боите на Саудиска Арабија.

Дресот неодоливо наликува на дресовите на репрезентацијата на Саудиска Арабија, а разликата е само во грбот и спонзорот на предниот дел на овие дресови.

Слични содржини