Во полн ек е реновирањето на играчкиот кадар во Њукасл, откако пристигнаа новите сопственици. Досега во „црно-белиот ги видовме Трипије, Вуд и Гимараеш.
Сепак, „страчките“ не планираат да застанат тука, па до крајот на јануарскиот преоден рок би можеле да видиме уште двајца новајлии.
Угледниот „Атлетик“ објави дека Њукасл договорил трансфер со 29-годишниот дефанзивец на Брајтон, Ден Бурн.
Отштетата за два метри високиот стопер е 13 милиони фунти, а Њукасл го сака и голманот на Манчестер Јунајтед Дин Хендерсон (24).
По одличните игри на позајмица во Шефилд, момчето кое дебитираше за репрезентацијата на Англија одигра само два меча во Јунајтед покрај неприкосновениот Давид Де Хеа.
Њукасл со новиот тренер Еди Хау полека влегува во форма, а навивачите се надеваат дека борбата за опстанок со новите засилувања брзо ќе биде зад нив.