174
Њукасл реши за 70 милиони евра да го доведе Швеѓанецот Александар Ајзак од Реал Сосиедад.
Неговиот трансфер ќе биде рекорден за „страчките“, откако Џо Елингтон беше најскапо платен досега – 44 милиони евра на Хофенхајм пред три години.
Брзоногиот фудбалер досега во својата кариера настапуваше за Борусија Дортмунд, Виљем II и АИК Стокхолм.
„Црно-белите“ летово потпишаа со Холанѓанецот Свен Ботман, Мет Таргет и Ник Поуп.
Ајзак минатата сезона постигна 10 гола со три асистенции на 39 натпревари, а досега за Шведска одигра 37 натпревари и постигна девет гола.