209
Ливерпул и Њукасл ремизираа 1:1 на „Енфилд“ во 33. коло од Премиер лигата.
„Црвените“ поведоа со голот на Мохамед Салах на почетокот на мечот и потоа доминираа. Пропуштија шанси, се истакна голманот на Њукасл, Мартин Дубравка, а во финишот гостите го наградија за својата игра.
Прво, во втората минута од продолжението, гол постигна Калум Вилсон, но тој беше поништен, бидејќи со рака ја внесе топката во голот, откако голманот Алисон го одбрани првиот удар.
Сепак, момците од „Сент Џејмс Парк“ не се предадоа и во петтата минута од продолжението Џозеф Вилок погоди за 1:1.
Ливерпул на тој начин остана без очекуваните бодови во борбата за место во Лигата на шампионите.