Њукасл со понуда за Азар

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Торган Азар би можел да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига.

Њукасл подготвува понуда за 29-годишниот фудбалер вредна 15 милиони евра, објави „Билд“.

Азар се пресели во Борусија Дортмунд од Менхенгладбах во 2019 година. На 98 натпревари за „жолто-црните“ помладиот брат на Еден Азар постигна 15 голови и 20 асистенции.

Договорот на Торган Азар со Дортмунд е до 2024 година.

Слични содржини