Останува уште една недела до крајот на преодниот рок, ќе видиме што ќе направат некои тимови кои најавија поголеми набавки, особено Њукасл кој стана најбогатиот клуб во светот и сега сака да формира тим кој ќе опстане. Пристигнаа Трипие и Вуд, но тоа не е доволно. Со триумфот за викендот ги прескокнаа Ватфорд и Барнли, но другите два „давеници“ имаат мечеви помалку.
Според англиските медиуми, се чека средба на Еди Хау со сопствениците, списокот е направен, има опции за секоја позиција, а се на се во фокусот се околу 15 играчи. Според менаџерот, идеално би било секоја линија од тимот да се засили со играч повеќе и на тој начин да се создаде поголема конкуренција.
Така, заедно со голманот Дубравка, Њукасл би сакал да го доведе и Бернд Лено, кој е во втор план во Арсенал, Германецот го загуби местото од Арон Рамсдејл.
Во одбраната бараат лев бек, на мета е Мичел Бејкер од Леверкузен кој настапуваше за ПСЖ, а Холанѓанецот го привлекува огромната сума на пари што би можел да ја добие на северот на Англија. Што се однесува до стоперот, Диего Карлос е прва желба, но 35 милиони евра не се доволни, па Никола Миленковиќ е пореална опција, кого Фиорентина би пуштила за помалку. Беднарек од Саутемптон е конечното решение, иако прашање е дали би бил засилување по мерка, иако повторно се избори за минути меѓу „светците“.
Имињата како Ботман и Тарковски се провлекуваат веќе неколку месеци, но Холанѓанецот од Лил е невозможна мисија бидејќи францускиот шампион нема да го пушти, а Тарковски од Барнли најверојатно на лето ќе дојде како слободен играч.
Во средниот ред јасна мета е Бисума од Брајтон, му остануваат уште 18 месеци до крајот на договорот, но „галебите“ бараат 60 милиони евра, а тоа „страчките“ нема да го платат. Покрај тоа, Бисума би сакал да премине во поголем клуб, а за фудбалерот од Мали заинтересирани се Арсенал и Тотенхем.
Се споменуваше и Хајдара од Лајпциг, има клаузула од околу 40 милиони, но во јуни, но и тој сака да премине и поголем клуб, додека на Камара од Марсеј му истекува договорот на лето, Марсеј бара околу 12 милиони евра, но младиот француски репрезентативец се поврзува со Јунајтед и попрво би почекал да сстане слободен играч, иако никаде не може да земе плата како во Њукасл.
Лингард, Деле Али би можеле да бидат бомбите на последниот ден, веројатно позајмици со откуп на крајот на сезоната, додека Осман Дембеле се уште ги „тренира“ нервите на Барселона. За Њукасл не е проблем да плати десет милиони евра позајмици и потоа да го направи Дембеле најплатен играч во тимот на лето, би можеле да му понудат 15 милиони евра по сезона …
Во шпицот Марио Балотели и натаму е прва мета. Супер Марио повторно доби покана за репрезентацијата, искусен е, играше за Сити и Ливерпул во ПЛ, може да му помогне на тимот, но Хау се плаши од неговите лошо влијание врз соблекувалната.
Сигурно дека од денеска, па се до следниот понеделник, Њукасл ќе биде на сите насловни страници.