279
Нуклеарната централа Запорожје е исклучена од надворешното напојување преку линијата од територијата на Украина и префрлена на дизел генератори, беше соопштено на Телеграм каналот на нуклеарната централа.
„Поради исклучувањето на високонапонскиот вод од 750 киловолти, нуклеарната централа Запорожје изгуби надворешно напојување. Енергијата за сопствените потреби ја обезбедуваат дизел генератори“, се наведува во објавата, пренесува „Интерфакс“.
Се истражуваат причините за исклучувањето на линијата.