Новиот напаѓач на Ливерпул, Дарвин Нуњез имаше страшна ноќ против Кристал Палас и на крајот доби директен црвен картон бидејќи неговиот тим успеа само да одигра 1-1 во Премиер лигата.
Младиот Уругваец беше исклучен во 57. минута откако го удри дефанзивецот Јоаким Андерсен од противничката екипа без топка.
Специјално избраното видео ја прикажува битката меѓу двајцата играчи уште од почетокот на натпреварот. Данецот и Нуњез може да се видат како постојано се провоцираат, честопати се судираат и разменуваат реплики. Врвот дојде во 57. минута кога играчот на Ливерпул со глава го удри Андерсен во лицето.
Јоаким Андерсен е една година во Кристал Палас, а една сезона претходно играше за Фулам.
Highlight Darwin Nunez vs Joachim Andersen.
Source: ESPN/PremierLeague pic.twitter.com/yrCOGVJr2y
— Berita Sepakbola Dunia (@gilabola_ina) August 16, 2022