Нуредини: ДУИ се уште се придржува до зелената агенда

од Nikola Popovski
137 прегледи

Министерот за животна средина и дел од ДУИ, Насер Нуредини потврди дека неговата партија не ја напуштила зелената агенда.

-Гледате ние што сме направиле овие години. Зелена агенда не се менува преку ноќ. Уште се фокусираме на тој принцип. На чекор сме од потпишување од договор за пречистителна станица во Скопје, почнавме со процедурите за пречистелна станица за Битола и Тетово, сме земале заем од 50 милиони евра за да им помогнеме на сите општини во државата со вода за пиење и канализации. Во вторник ќе потпишеме договор со ЕБОР за регионалните депонии и инфраструктурата, со цел еднаш засекогаш ќе го решиме проблемот со отпадот, рече Нуредини во вестите на Тв Сител.

Според него, следните две до четири години ќе бидат најважни за државата, „бидејќи после тоа ќе имаме пречистителни станици во Скопје, Тетово и Битола и ќе имаме регионални депонии и сите градови ќе добијат камиони и контејнери“.

-Работиме на закони и документации за да видиме каде сме денес, додаде Нуредини.

Слични содржини