Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини смета дека топланите во Скопје треба да продолжат да користат гас и не треба да се префрлат на дизел гориво.
-Мислам дека ако можеме да продолжиме да употребуваме гас, кое е поеколошко од сите други во државата, ги молам сите да продолжиме да користиме гас. На крај на денот, тука сме да ги зачуваме и обезбедиме да бидат здрави нашите граѓани. Нема потреба да бидам експерт за да кажам дека дизел и мазут се помалку еколошки од гас. ако има гас, ние да продолжиме да користиме гас. Цената колку што е поевтина е подобра за граѓаните. Да не одиме назад и да бараме од сите да бидат свесни ако направиме штета по здравјето на граѓаните. Гас има, рече Нуредини како одговор на новинарско прашање.
За жал имаме загадување, вели Нуредини, но потенцира дека има намалување и позитивен ефект.
-Ќе продолжиме со вакви мерки. Имам разбирање и за граѓаните кои се најзагрозени во вакви кризи. Апелирам до сите да бидеме посвесни, рече Нуредини за загадениот воздух во земјава.