Министерот за животна средина Насер Нуредини на денешниот брифинг со новинарите појасни дека суштината на новите измени во врска со наплатата за биоразградливите кеси е да се подигне јавната свест за користење на платнени торби, односно да се намали употребата на пластика.
Тој истакна дека главната цел не е да се земаат пари од граѓаните, туку да се промени начинот на пазарење и граѓаните да обрнат внимание на загадувањето на животната средина.
„Ние ќе информираме јавно и транспарентно во првиот квартал на наредната година колку пари се собрале во фондот и што ќе правиме со тие средства“, рече Нуредини .
На прашање околу цената на кесите за отпад, министерот кажа дека во моментов не е донесена одлука за промена на нивната цена. Тој појасни дека во иднина ќе се носат закони што ќе придонесат за намалување на употребата на пластика.