Владата усвои предлог закон, со кој се бараат казните да бидат повисоки – 200 илјади евра за загадувачите на воздухот, вели министерот за животна средина, Насер Нуредини за РСЕ. Нуредини зборуваше и за планот за чист воздух.
„Тоа е нешто во кое инвестираме. За 2018 година имавме буџет од 120 милиони денари, буџетот за 2020-та, беше уште дополнителни 100 милиони денари. Одредени училишта и градинки ги реновиравме, ги направивме повеќе ефикасни, исто така и одредени јавни институции. Дали постигнавме 50 проценти намалување? За жал сѐ уште не постигнавме. Причината поради која не постигнавме е поради фактот дека треба да промениме многу во системот за загревање во нашата земја. Треба да направиме многу контроли и проверки во индустријата. Една од клучните работи која всушност ја дознавме, за жал, поради ситуацијата со ковид-19, кога имавме полициски часови, всушност дознавме дека дефинитивно сообраќајот и транспортот значително придонесуваат кон загадувањето“, изјави Насер Нуредини – министер за животна средина и просторно планирање.
Изминативе денови во земјава беше регистрирано високо ниво на загадување во воздухот.