Новите депонии треба да се во согласност со меѓунардните стандарди. На тој начин ќе се намали загрозување на животот на луѓето, рече министерот за животна средина Насер Нуредини во „Утрински Брифинг“, најавувајќи новите промени се воспоставени во законите за циркуларна економија на отпад.
– Имаме само една депонија со меѓународни стандарди и имаме финанскиска можност преку ЕУ и сме во заем со ЕБОР. Во меѓувреме имаме 6 закони за циркуларна економија на отпад. Ќе има контејнери за стакло, хартија и пластика. Отпадот има вредност бидејќи може да се рециклира. Тоа е таа циркуларна стратегија. Мора да сме транспаретни и ние нема да се согласиме да се изгради дива депонија. Сакаме да се усогласиме со 0 отпад. Ние ќе изградиме депонии со меѓународен стандард без штета врз животот на граѓаните. Во Новаци, во близина на Битола, Русино ќе бидат со меѓународни стандарди, кажа Нуредини.