Нуредини: Починаа двајца цивили во пожарот во Тетово

од Берта Китинска
185 прегледи

Координаторот на ковид центарот во Тетово, Гзим Нуредини, во емисијата 24 анализа истакна дека повредените во вчерашната несреќа во модуларната ковид болница се во стабилна состојба, тие се позитивни ковид пациенти и немаат сериозни повреди.

Нуредини вели дека во болницата имало роднини што можеби допринело да има посети, но сепак сите тие морале да ги почитуваат анти-ковид мерките и посетите не траеле повеќе од 15 минути.

-Двајца од вкупно 14 починати пациенти се всушност цивили, односно луѓе кои помогнале во евакуирањето. Се претпоставува дека тие биле дел од придружбата на пациентите во модуларната болница, вели Нуредини .

Слични содржини