Втората сесија од Министерскиот состанок за животна средина на Централната Европска Иницијатива во Триесте беше отворена за јавноста во рамките на Барколана самитoт и посветена на управувањето и заштитата на водите, а посебно односите помеѓу земјите кои делат прекугранични водни тела, промоцијата на одржливиот развој и градењето на отпорност на општествата и животната средина.
Министерот Нуредини во своето обраќање на панелот ги сподели предизвиците во управувањето со трите речни сливови и трите природни езера кои Република Северна Македонија ги дели со своите соседи.
Тој се осврна посебно на последните развои во соработката во рамките на Преспа парк договорот и ја истакна потребата за интегриран пристап во менаџирањето со сите водни тела, бидејќи природата не познава политички граници.