Нуредини: За две недели ќе се чисти линданот од Охис

од Nikola Popovski
338 прегледи

Министерот за екологија, Насер Нуредини денес објави дека за две недели, на 13 јули, ќе почне да се чисти линданот од Охис. Според него, само за малата депонија ќе се платат 8,4 милиони евра, од кои 4 милиони евра се пари од грантови.

-Ќе се направи ремедијација на почвата и ќе се исчистат околу 1 500 тони опасен отпад. Дислоцирањето треба да заврши за период од 12 месеци, за што веќе се обезбедени 8,4 милиони евра – заеднички средства од Глобалниот фонд за животна средина, Норвешка, Делегацијата на ЕУ и Владата, посочува Нуредини.

Од МЖСП, брифираат дека во тек е и постапка за обезбедување на заем од 50 милиони евра за изработка на базична инфраструктура за изградба на регионални депонии за отпад. За таа цел, веќе е изработена студија за влијанието врз животната средина и дека до 2022 година се очекува да се започне со изградба на инфраструктурата за регионални депонии во Полог, Јужниот и Северозападниот регион.

Идната набавка на владини автомобили во кои се возат функционерите ќе бидат хибридни, а не дизел како сегашните, рече Нуредни на брифингот. А, граѓаните нема да може да увезуваат возила од странство кои се под Еуро 5 стандардот, додека возилата под овој стандард ќе се регистрираат поскапо.

Слични содржини