189
Можеби за жал поради енергетската криза, ќе имаме граѓани што ќе се грејат со материјали кои се под стандардите. Ќе продолжиме со нашата стратегија. Ние не можеме да зборуваме само за граѓаните во домовите, туку и за државните институции како болници, полиција, училишта, вели министерот за животна средина, Насер Нуредини околу можното загадување на воздухот во зимскиот период.
Тој додава дека „не е метеоролог, ниту може да ја каже прогнозата за годината, дали ќе биде топло или ладно“.
-Можам да кажам дека се што било направено ја подобрува ситуацијата. Направивме измени на греењето и ја намаливме употребата на мазутот и дизелот. Нема брзи решенија. Живееме во котлина и тука има инверзија, рече Нуредини во емисијата „Топ тема“.