Нуркачи и полицајци во водите на Охридското езеро кај пристаништето Македонија трагаат по жена која според очевидци со трчање се фрлила во езерото и повеке не се појавила, јавува Охрид 1. Во УВР Охрид потврдиле дека добиле таква прјава од граѓани и дека испратиле екипа на терен.

Таа пред да се фрли трчала по Кеј Македонија од кај Старо Пристаниште до местото каде скокнала, а притоа се соблекувала. Полицијата ги разгледувала и снимките од видео камерите на околните објекти.