Нутриционист објасни зошто никогаш не треба да пиете кафе додека јадете јајца

од Stefanija Kuzmanovska
371 прегледи

Јајцата се здрава и хранлива намирница за појадок, а се одличен извор на витамини А, Д и Б12, како и на протеини.

Кафето е познато по неговата висока содржина на кофеин, што дава стимулирачки ефект. Иако и двете намирници имаат свои предности, не е добро да се консумираат во исто време, велат нутриционистите.

Потенцијални несакани ефекти

Диететичарот и нутриционист Прија Бансал објасни дека не ги добиваме сите придобивки од хранливите материи од двете намирници ако се консумираат заедно.

Јајцата и кафето имаат свои придобивки и може да се уживаат како дел од балансиран појадок. Јајцата се извор на протеини, здрави масти, витамини и минерали, а кафето е познато по високата содржина на кофеин, кое има стимулирачки ефект. Кога се комбинира може да доведе до потенцијални несакани ефекти кај некои луѓе.

„На пример, кога јајцата и кафето или чајот се консумираат заедно, тоа може да ја попречи апсорпцијата на основните хранливи материи“, истакна Бансал.

Кафето има способност да ја попречува апсорпцијата на одредени лекови, вклучително и антибиотици или антациди. Според нутриционистите, кафето содржи соединенија наречени танини и полифеноли, кои можат да ја спречат апсорпцијата на железо и калциум кои се наоѓаат во јајцата. Ова го потврдуваат експертите за храна, кои советуваат да не се пие кафе или чај најмалку еден час по јадењето јајца, наведува „Мирор“.

Слични содржини