Нутриционистка од Јапонија: Храна која никогаш не ја консумирам бидејќи го скратува животниот век

од Vladimir Zorba
882 прегледи

Според многу истражувања, Јапонија се издвојува како татковина на најдолговечните луѓе во светот. Нутриционистката Мичико Томиока, која потекнува токму од оваа земја, откри кои намирници никогаш не ги јаде бидејќи, како што објаснува, докажано го скратуваат животниот век.

„Одредени намирници докажано го скратуваат животот и негативно влијаат на нашето здравје, па затоа ги избегнувам со причина, а истото го советувам и на другите луѓе. Ова се претежно многу популарни намирници кои ги консумираат повеќето луѓе, а не треба или треба да го сведат на минимум можно внесување“, вели нутриционистката, пренесува „N1info“.

Една од најнездравите намирници е преработеното месо како бургери или колбаси. Според неа, преработеното месо е речиси невозможно да се избегне, а освен што содржи големи количини сол, има и многу заситени масти кои можат да го зголемат ризикот од одредени видови на рак, како што се ракот на дебелото црево или на дојката.

Томиока, исто така, никогаш не пие газирани сокови со шеќер.

„Редовното пиење слатки газирани пијалоци (една до две лименки на ден или повеќе) може да доведе до поголем ризик од развој на дијабетес тип 2. Слично на тоа, газираните пијалоци со вештачки засладувачи може да ви ја отежнат концентрацијата, па дури и да предизвикаат мигрена“, предупредува таа.

Како една од нездравите опции ги посочува житариците купени во продавница, особено за појадок.

„Кога брзаме и немаме време да јадеме наутро, примамливо е да избереме житарки. Но, никогаш не ги јадам оние со додадени шеќери или состојки што не ги знам. Имено, премногу шеќер може да доведе до проблеми со крвниот притисок, зголемување на телесната тежина и зголемено воспаление во телото и да не изложи на ризик од дијабетес“, дополнува Томиока.

Слични содржини