Пилешкото месо е еден од најздравите избори кога станува збор за консумирање месо.
Кога станува збор за здрава исхрана, многу нутриционисти сугерираат дека ако јадете месо, тоа да биде главно пилешко.
Освен што можете да го подготвите на безброј начини, а секој пат има различен вкус, има и свои здравствени придобивки, што го прави одличен избор и за децата и за стандардната исхрана.
Сигурни сме дека многу луѓе најмногу ги интересира колку калории всушност има пилешкото, па веруваме дека ќе се изненадите кога ќе ви кажеме дека 100 грама пилешко бело месо содржи само 120 калории.
Еве уште неколку од неговите придобивки:
* Богато е со железо, селен и цинк
* Содржи витамини Б3 и Б6
* Високата содржина на протеини го продолжува чувството на ситост
* го подига нивото на енергија
* го зајакнува срцето
* ја подобрува меморијата