Нутриционистите забележуваат дека првиот оброк е најважен, тој го започнува метаболизмот и ни дава енергија да го „протуркаме“ цел ден. Германските нутриционисти открија дека метаболизмот најдобро „работи“ наутро, па ако сакате да ослабете, вежбањето треба да го преместите во ова време, а потоа следи добро осмислен појадок.
Што значи добро обмислен појадок? Според нутриционистите, појадокот треба да сочинува околу 25 отсто од дневниот внес на калории. Ако наутро воопшто немате апетит и не ви се јаде, треба да создадете навика, а тоа ќе го постигнете со тоа што прво ќе внесете помали количини и „полесни“ намирници, а потоа постепено ќе ги зголемувате. Вклучете свеж зеленчук и овошје во вашата исхрана, како и протеини, за да останете сити подолго време и да избегнувате грицки пред ручек.
Еве што е најдобро да јадете наутро бидејќи ќе ви помогне да ослабете, советуваат нутриционистите.
1. Смути
Смути е одлична опција за првиот оброк во денот. Овој густ пијалок направен од зеленчук, овошје, млеко или јогурт стана популарен благодарение на моделите кои следат „смути диета“ пред важни модни ревии или настапи. Променете ги вкусовите, комбинирајте ја храната, најважно е сите зеленчуци, овошје и билки да бидат свежи и сочни.
2. Протеини
Друга опција за утринскиот оброк се разни протеински јадења и намирници: омлети, свежо сирење, јогурт… Тие ќе ви помогнат да ги „наполните батериите“, особено ако ви претстои напорен ден. За разлика од брзите јаглехидрати, ваквиот појадок нема да го забави метаболизмот и ќе ве засити до тој степен што нема да имате потреба да грицкате пред ручек. Главниот трик е да научите како да комбинирате протеини со зеленчук и јаглехидрати. На пример, додадете свежи домати, парче леб во омлет.
3. Житарици
Ако сакате повкусен појадок, изберете житарки или гранола. Бавните јаглехидрати ќе ви помогнат да останете сити подолго време, да го подобрите метаболизмот и варењето. Можете да готвите каша од житарки во вода ако сакате да биде помалку хранлива, или во млеко. За да биде освежителна, додадете овошје, како што тоа го прави Хајди Клум – нејзиниот омилен појадок долги години е овесна каша со ситно овошје како боровинки, малини.
4. Здрави масти
За оние кои ментално „трошат“ многу, најдобро е наутро да јадат храна богата со заситени масти и јаглехидрати. И, не, тортата не е добра опција! Ќе бидете гладни за час и половина, подобро одберете поздрава опција, како тост со авокадо, јајца, мисирка или пилешко. Тост леб со зеленчук, протеини и вистински масти, како што се авокадо или жолчки од јајце, ќе ви помогне да се фокусирате на работата и да останете полни со енергија подолго време.
И имајте на ум дека прескокнувањето на појадокот ќе ѝ нанесе повеќе штета на вашата линија отколку редовното утринско јадење. Според студиите, оние кои најчесто избегнувале појадок, во рок од една година ги вратиле сите изгубени килограми.