Германската невладина организација за човекови права „Cinema for Peace“, позната по поддршката на руската опозиција, објави денеска дека се обидува да го пренесе лидерот на опозицијата Алексеј Навлни во болница во Германија, од болницата во Сибир, каде што е сега.
„Од хуманитарни причини, организиравме медицински авион да биде достапен за да може Навални да биде префрлен во Германија“, изјави претседателот на таа организација, Јака Бизиљ, за германскиот весник „Билд“.
Тој претходно организираше операција од ист тип во 2018 година за член на спорната руска група „Пуси Рајот“.
Навални, критичар на рускиот претседател Владимир Путин, не се чувствуваше добро за време на летот Томск-Москва, па беше префрлен во болницата по итно слетување во Омск, напиша на Твитер неговата портпаролка Кира Јармиш.
Попладнево, Навални е сè уште во кома и на интензивна нега во болницата во Сибир, откако му се слоши поради, според неговите соработници, труење поврзано со неговиот политички ангажман.
Претходно денес, на социјалните мрежи се појави слика на Навални како пие чај од кој беше отруен.