Владејачките национал-конзервативци во Македонија се борат со сите средства и валкани трикови за да останат на власт, пишува швајцарскиот весник Ноје Цирхер Цајтунг, а пренесува DW.

(…) Широко распространетиот ‘Систем Груевски’ гризе и гребе за да го спречи губењето на власта и се надева дека ќе успее да го одложи расчистувањето до изборите. Но од спротивната страна се три специјални обвинителки, кои беа именувани под притисок на ЕУ. Тие водат постапки против 80 осомничени. Меѓу нив се поранешната министерка за внатрешни работи, министерот за транспорт и еден висок функционер, кои се обвинети за големи изборни измами. Но барањата да им биде одреден притвор, беа одбиени од судот во Скопје.
Судската администрација на ШТРАЈК!
И Уставниот суд одлучи на претседателот на државата да му ги врати надлежностите во однос на амнестирањето на изборни измамници. Тој е следбеник на Груевски. Во исто време, јавните обвинители блиски до власт го кочат предавањето на документите, министерството за финансии ја одложува исплатата, а булеварскиот печат близок до власта копа низ ѓубришта во обид да ги дискредитира специјалните обвинителки. Но, тие досега не се исплашија“.
НЦЦ информира и за проблемите со изборните листи, како и за блокираните реформи во медиумите кои беа предуслов за организирање фер и слободни избори, и на крајот заклучува:
„Со оглед на недоволните реформи ЕУ и САД бараат одложување на изборите- таквиот став досега не го сменија ни лобистите, ниту граничарите“, заклучува НЦЦ.
Повеќе ТУКА