ОЈО Скопје ќе спроведува истрага за тешката сообраќајна несреќа кај клучката Стенковец

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, на 7 март, осомничениот управувал товарно возило „мерцедес“, по средната сообраќајна лента од автопатот Мајка Тереза, во близина на клучката Стенковец, не се придржувал кон прописите, го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

-Тој не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, густината во сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навреме да запре. Со предниот десен дел од возилото со кое управувал удрил во левиот страничен дел на товарно возило „МАН“ со кумановски регистарски ознаки кое било запрено на десната сообраќајна лента наменета за принудно запирање поради дефект. По ударот, запреното возило се придвижило нанапред и удрило во телото на едно оштетено лице кое стоело меѓу кабината и товарниот сандак и изведувало механичарски работи над товарното возило „МАН“, соопшти ОЈО.

Од ударот, како што се посочува во соопштението, оштетениот добил тешки телесни повреди и починал на лице место, а со телесни повреди се здобил и возачот на запрениот камион и уште едно лице кое стоело во близина.

-По несреќата, осомничениот веднаш го напуштил местото без да им укаже помош на повредените, прецизираат од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор спрема осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и вештаците или да го повтори делото.

Слични содржини