О.Центар јавно апелира до инвесторот на зградата на ВМРО – ДПМНЕ да ја подготви документацијата, ќе му одат во контрола

од desk3
90 прегледи

10462884_589932167815087_5857558561714852780_n1-540x416

Општина Центар, извршувајќи ги редовните работни задачи, продолжува со контрола на сите градби кои се изведуваат на нејзината територија. В среда, 2.9.2015, во 10 часот, овластен градежен инспектор ќе изврши контрола на градбата каде инвеститор е “Брилијант“ од Штип.

Градбата се наоѓа спроти Клубот на пратеници. Веднаш потоа, во 11 часот, инспекциски надзор ќе се изврши на градбата која се изведува на улица “Ѓуро Стругар“ ББ, чиј инвеститор е “Бетон“ од Скопје. Во овој објект, по завршувањето, треба да биде сместено седиштето на партијата ВМРО – ДПМНЕ.

Од инвеститорите општина Центар бара во среда да ја имаат комплетната документација за објектот, а за инспекцискиот надзор, општината до нив, достави уредно известување. Општина Центар, целата постапка со инспекцискиот надзор ќе ја води транспарентно, во присуство на јавноста. За ова интерес пројави и меѓународната заедница.