Шекил О’Нил беше веројатно најдоминантниот центар на НБА лигата во негово време.
Поранешниот кошаркар на Орландо Меџик, Лос Анџелес Лејкерс, Мајами Хит, Феникс Санс, Кливленд Кавалирс и Бостон Селтик, кој освои вкупно четири титули во НБА лигата, зборувал за своите почетоци.
Поточно, за тоа како се однесувал кога ги добил своите први големи пари во 1992 година потпишувајќи за Орландо.
„По потпишувањето, купив неколку луксузни автомобили, накит, купив сè. Потрошив толку многу што од банката ми се јавија, да ми кажат дека тоа ќе ме уништи ако продолжам да трошам толку многу“, изјавил О’Нил во шоуто „Шарк Тенк“.
И тогаш шокирал.
„Потрошив милион долари од првата плата за само еден час. Еден човек од банката ме предупреди да не трошам толку многу затоа што не сметав на даноците и сличните работи“, рекол О’Нил, чие богатство денес се проценува на околу 400 милиони евра.
По играчката кариера, О’Нил одлучи да биде стручен консултант на неколку реномирани ТВ мрежи во САД.