„О2“: Дишеме отров, планот за чист воздух како беше?

од Берта Китинска
346 прегледи

Изминатите неколку дена индексот на загаденост на воздухот  во неколку града во земјава е неколкукратно повисок од дозволеното

Иницијативата „О2“  со своја рекација излегоа на социјалните мрежи:

„Воздухот надвор е отров, каков што е деновиве и каков што ни претстои повторно цела зимска сезона. Децении не се реши овој проблем и не. За ова пари и луѓе кои ќе го решат не се најдоа, само празни флоскули како воздухов не се решавал преку ноќ. А бе генерации остареа со отровов, кој црн преку ноќ. Сега уште и катастрофава со струја што ни ја приредивте, луѓево пак на дрва ги вративте да се греаат, шумите да се доисечат, а инвенторите за украс. Планот за чист воздух како беше? Срамота.“

Слични содржини