ОАЕ се меѓу „најслабите“ странски инвеститори во земјава – дали има шанси за развој?

Според достапните податоци од НБМ во 2021-та македонските вложувања во ОАЕ изнесувале нецели 900.000 милиони евра или само 0,72 % од вкупното инвестициско портфолио на државата во странство. Следната 2022 година вредноста на инвестициите се зголемува на 1,35 милиони евра со удел во вкупните вложувања во странство од 0,78 %, а во 2023 -та апсолутниот износ се зголемува на 2,15 милиони евра додека процентуaлното учество изнесува 0,73%

од Nikola Popovski
34 прегледи

Бизнисмените од Дубаи ни возвратија на априлската посета, претседателот и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи Мохамед Али Рашед Лута, заедно со бизнис делгација од Дубаи се сретна со владини и бизнис претставници од земјава. Мапирани се повеќе сектори за потенцијално инвестирање, енергетика, рударство и минерални суровини, земјоделство, туризам, дигитална трансформација.

Ова практично е втора по ред средба на високо ниво меѓу претставници на Македонија и на бизнис заедницата од Дубаи. Според проценките на Стопанската комора на Дубаи, во следните пет години економската соработка има потенцијал да се зголеми за 12 %, таргетирано во секторите трговија, одржливост и дигитална економија.

„Бизнис инфо“ ги провери официјалните податоци за инвестицискиот тренд што го имаме взаемно со Обединетите Арапски Емирати. Според достапните податоци од НБМ во 2021-та македонските вложувања во ОАЕ изнесувале нецели 900.000 милиони евра или само 0,72 % од вкупното инвестициско портфолио на државата во странство. Следната 2022 година вредноста на инвестициите се зголемува на 1,35 милиони евра со удел во вкупните вложувања во странство од 0,78 %, а во 2023 -та апсолутниот износ се зголемува на 2,15 милиони евра додека процентуaлното учество изнесува 0,73%.

Од друга страна, во анализираниот тригодишен период инвестициите од ОАЕ во Македонија се неколкукратно поголеми, но и со тие бројки Обединетите Арапски Емирати се меѓу “најслабите“ странски инвеститори во земјава. Така во 2021- та инвестициите во земјава изнесувале 9,49 милиони евра, следната 2022- та биле на ниво од 6,07 милиони евра, а во 2023- та се намалуваат на 2,81 милион евра.