Омразата на Албин Курти за се што е српско оди дотаму што објави нов список за прогон на Србите, на кој се вклучени дури и братот и синот на претседателот Александар Вучиќ, кои немаат никаква врска со демократските, мирни протести на српскиот народ на барикадите на Косово, објави денеска „Српска листа“ и ја повика меѓународната заедница итно и јавно да го осуди овој, како што го нарекуваат, „прогон на Србите“.
„Така пратеникот на Курти од „Самоопределување“, Арменд Муја објави уште еден список за прогон на Србите од КиМ, кој Курти и неговиот министер Свечла упорно се обидуваат да го сокријат“, се вели во соопштението.
На списокот за прогон на Србите е речиси целото раководство на „Српска листа“, видни Срби од Косово, но и братот и синот на претседателот Вучиќ, Андреј и Данило.