211
Погребот на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти ќе се одржи на плоштадот Свети Петар во четврток, на 5 јануари, а ќе биде предводен од папата Франциск, изјави денеска портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.
Телото на поранешниот папа, кој почина денеска на 95-годишна возраст, од понеделник ќе биде изложено во базиликата Свети Петар, објави „Ројтерс“.
Светските лидери изразија жалење за смртта на Бенедикт Шеснаесетти.