Објавени тајни документи за руската сајбер група „Вулкан“

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Британски „Гардијан“ денеска ги објави протечените „Вулкан датотеки“, кои сведочат за работен план за зајакнување на руските капацитети за сајбер војна.

Се вели дека илјадници страници тајни документи, обезбедени од анонимен известувач бесен поради руската војна во Украина, сведочат за хакерските активности кои датираат од 2016 до 2021 година, и дека таквите „протекувања“ од Москва се исклучително ретки.

„Поради настаните во Украина, решив да ја објавам оваа информација. Компанијата „Вулкан“ прави лоши работи, а руската влада е кукавичка. Лут сум поради инвазијата на Украина и страшните работи што се случуваат таму. Се надевам дека ќе можете да ги искористите овие информации за да покажете што се случува зад затворени врати“, рече свиркачот.

Слични содржини