П.К.(60) е убиен синоќа во напад на телевизиската станица „Топ чанел“ во Тирана.
Непознато лице, или повеќе од нив, синоќа упаднало во зградата на телевизијата и испукало рафали од автоматско оружје. Најмалку еден куршум го погодил П.К., вработен како обезбедување, кој набрзо починал од повредите.
Се се случило во моментот кога во зградата на телевизијата се снимало реалното шоу Велики Брат. На видеото се гледа како учесниците на реалното шоу слушаат истрели, но во ниту еден момент не помислиле дека во зградата влегле вооружени напаѓачи.
„Што е ова, калаш?“, се слуша како еден од учесниците го прашува другиот, но речиси незаинтересирано.
Несвесни што се случува надвор, учесниците продолжиле со снимањето.
Да потсетиме, нападот се случил околу еден часот по полноќ.