Обама по повод 11-ти септември: Америка отсекогаш била дом на херои

од Nikola Popovski

Поранешниот американски претседател Барак Обама им оддаде почит на хероите по повод 20 -годишнината од терористичкиот напад врз Светскиот трговски центар на 11-ти септември 2001 година.

Поранешниот претседател рече дека по 11 септември, стана јасно дека Америка отсекогаш била дом на херои „кои брзаат кон опасност за да го направат она што е правилно“, пишува АП.

Обама вели дека сликата што била врежана во меморијата на него и неговата сопруга Мишел тој ден не се остатоци и оштетувања, туку луѓе, и тој ги издвои пожарникарите кои тој ден истрчале по скалите и волонтерите кои дојдоа следните денови, пренесува Танјуг.

„Во последните 20 години, ја видовме истата храброст и несебичност одново и одново. Видовме пред 10 години кога, по долгогодишна упорност, нашата армија го изведе Осама бин Ладен пред лицето на правдата. Тоа го гледаме и денес кај лекарите и медицинските сестри кои прават се што можат за да спасат животи. Гледаме припадници на војската, од кои некои не се ни родени пред 20 години, кои се изложени на ризик да ги спасат Американците и да им помогнат на бегалците од Авганистан да најдат подобар живот“, рече Обама.

Слични содржини