Обама: САД ќе распоредат илјада војници во Полска

од desk3
103 прегледи

САД ќе распоредат 1.000 војници во Полска во рамки на зајакнувањето на источното крило на НАТО поради Русија, изјави американскиот претседател Барак Обама.

obama

– САД ќе распоредат еден баталјон, односно 1.000 војници, во Полска како поддршка на полските војници, истакна Обама по разговор со полскиот колега Анджеј Дуда во Варшава пред почетокот на средбата на врвот на НАТО.

Американскиот претседател изрази загриженост поради чекорите на полската Влада за ограничување на Уставниот суд./МИА