Обамејанг: Имам незавршена работа во Премиер лигата

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Пјер-Емерик Обамејанг се врати во англискиот шампионат и повторно ќе игра во Лондон. Овој пат, сепак, 33-годишниот напаѓач ќе го носи дресот на Челси.

„Сините“ го привлекоа од Барселона за 12 милиони евра, а поранешниот капитен на Арсенал потпиша двегодишен договор.

Тој во својот нов клуб ќе го носи дресот со број 9.

„Многу сум среќен. Чест е да се биде дел од овој тим и едвај чекам да започнам. Имам незавршена работа во Премиер лигата, па возбудливо е да се вратам“, сподели Обамејанг.

Оба помина нешто повеќе од половина година на „Камп Ноу“ откако во јануари потпиша за Каталонците како слободен играч.

Во Челси ќе работи со својот поранешен тренер Томас Тухел, со кој беа заедно во Борусија (Дортмунд).

По потписот на Обамејанг, вкупната сума што Челси ја даде за летна селекција е над 270 милиони фунти. На клубот му требаше напаѓач откако летово се раздели со Ромелу Лукаку и Тимо Вернер.

Обамејанг ќе биде надвор од терените околу три недели. На почетокот на оваа недела тој беше нападнат во својот дом во Барселона и во инцидентот се здоби со скршеница на вилицата.

Слични содржини