259
Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг сака да ја одбие понудата која ја добил од Ал Хилал бидејќи се уште сака да игра во Европа. Клубот од Саудиска Арабија понуди да го позајми 32-годишниот Габонец до крајот на сезоната со опција да го купи на лето.
Сепак, според The Athletic, Обамејанг е мотивиран да продолжи да игра во една од најдобрите пет лиги на континентот. Платата од 350.000 фунти неделно е факторот што може да ја блокира желбата на напаѓачот.
За него се вели дека се заинтересирани клубови од Серија А.
Обамејанг нема играно од 6 декември, откако беше отстранет од тимот и му беше одземена капитенската лента поради уште едно прекршување на дисциплинските правила.
Моментално тренира сам во различни термини од првиот тим.