Обамејанг: Миктаријан е еден од главните фактори што ме натера да дојдам во Арсенал

од Vladimir Zorba

Најскапата аквизиција на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг откри дека една од главните причини да пристигне на „Емирати“ е Хенрик Миктаријан кој беше продаден на „топџиите“ како дел од договорот за преминувањето на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед. Двајцата беа заедно во Борусија Дортмунд, а Габонецот го дефинираше Миктаријан како негов брат.

„Тој ми е како брат. Многу добар пријател. Двајцата игравме заедно во минатото и сум многу среќен да го видам повторно. Тој ми се јави неколку пати да ме прашаа дали ќе дојдам. Јас му одговорив дека прво тој треба да ми каже дали ќе потпише или не. Тој ми соопшти дека се е подготвено и тоа, се разбира, беше еден од најголемите фактори за мене, за да дојдам тука. Се разбираме како на теренот, така и надвор од него. Навивачите треба да се среќни дека играме заедно“, рече Обамејанг.

Слични содржини