Обамејанг обвинет за обид за убиство

од Vladimir Zorba

Новата ѕвезда на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг е обвинет за обид за убиство на 48-годишната Мартина Вехзунг која, цитирана од „Сан“, тврди како тој за малку не ја прегазил со своето златно „Ламборџини“. Причината не е позната, откако габонецот ги барал нејзините услуги како ПР пред две години, а во тоа време таа ја оддржувала страницата на Борусија Дортмунд на Фејсбук.

„Го чекав на улица каде што се договоривме за да се видиме. Веднаш штом ме виде, стисна на гаста на автомобилот и одеднаш од 0 км / ч се движеше со стотина. Само моите рефлекси ме спасија, или ќе ме залепеше на шофершајбната. Како резултат на тоа, добив астма“, рече таа, и поднела жалба до полицијата.

Според „Сан“, истрагата не довела до казни за Обамејанг и била суспендирана непосредно пред трансферот во Арсенал. Неговиот нов клуб одби да коментира за случајот, сумира британскиот таблоид.

Слични содржини