Обамејанг се уште жали по Тухел

од Nikola Popovski
188 прегледи

Фудбалерот на Челзи и поранешен репрезентативец на Габон, Пјер-Емерик Обамејанг изјави дека се надева оти лондонскиот клуб ќе доживее подобри денови со новиот менаџер Греам Потер, пренесува сајтот „Гол“.

Челзи минатата недела го отпушти менаџерот Томас Тухел и го замени со Потер, кој раководеше со Брајтон.

„Сите знаат каков однос имав со Томас“. Секогаш е тажно кога некој го напушта клубот. Фудбалерот мора брзо да се прилагоди на некои работи во сезоната. Беше луда недела за сите нас. Тажно е, но се надевам дека претстојат подобри денови. Мислам дека е чудно за сите, но како што реков, ова е фудбал и треба да се прилагодите на ситуацијата“, рече Обамејанг.

Тој во летниот преоден рок пристигна во Челзи од Барселона, а двата натпревари за лондонскиот клуб ги одигра во Лигата на шампионите.

Слични содржини