Обамејанг: Тажен сум што го напуштам Арсенал на овој начин

од Vladimir Zorba
433 прегледи

Пјер-Емерик Обамејанг се збогува со навивачите на Арсенал. Габонецот во последните години беше голема ѕвезда на „топчиите“, но вчера го раскина договорот со клубот и кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Тој во објава на Инстаграм им се обрати на симпатизерите на тимот од Северен Лондон и им се заблагодари за безрезервната поддршка.

„Ви благодарам што го направивте Лондон дом за мене и моето семејство во последните четири години. Заедно поминавме низ подеми и падови, а вашата поддршка ми значеше се. Шансата да освојувам трофеи и честа да ја носам капитенската лента на клубот се нешто што засекогаш ќе остане во моето срце“, напиша Обамејанг.

„Отсекогаш сум бил максимално посветен на клубот и дадов 100% од мојата енергија, па ме боли што заминувам без да можам навистина да се збогувам, но тоа е фудбалот. Тажен сум што во последните неколку недели немав можност да им помогнам на моите соиграчи, но сепак ја задржувам само почитта кон клубот и навистина им посакувам многу успех на моите пријатели и навивачи во наредните години“, додаде Габонецот.

Слични содржини