Обединетите Арапски Емирати донесоа одлука во врска со третата доза на вакцина

од Stefanija Kuzmanovska
403 прегледи

Обединетите Арапски Емирати денес објавија дека на луѓето кои ja примиле кинеската вакцина „Синофарм“ ќе започнат да им нудат дополнителна доза шест месеци по приемот.

Оваа кратка изјава дојде откако некои луѓе во Обединетите Арапски Емирати, исто така, примија трета доза на вакцина загрижени за нискиот одговор на антитела по приемот на две дози.

Кина дистрибуираше стотици милиони дози домашно произведени вакцини во странство и се потпира на нив за да ја имунизира сопствената популација. Државната компанија не ги пријави деталните резултати од тестовите во подоцнежната фаза за самостојно анализирање на научниците.

Светската здравствена организација неодамна ја одобри кинеската вакцина за итна употреба, со што се отвори патот до милиони дози од овој препарат да стигнат до земјите на кои им се потребни вакцини преку програмата на ООН за дистрибуција на вакцини против коронавирус.

Обединетите Арапски Емирати можат да се пофалат дека спроведуваат една од најбрзите вакцинации против ковид по глава на жител. Земјата многу се потпира на вакцините „Синофарм“.

Слични содржини