Обелоденети документите кои докажуваат дека Милошоски е осудено лице во Германија

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошски и покрај негирањата, сепак бил осудено лице во Германија.

Имено, порталот А1он ги обелодени документите кои се напишани на германски јазик, а кои говорат дека Основниот суд во Ахен донел пресуда во 2004/2005 година дека Милошоски сторил дело, заведено во тамошниот систем како „добивање придобивки“.

Како што посочуваат, во документите има и број на предметот и датум на пресуда, а првиот дел на документот укаува на негови лични податоци и адреса на престој во Германија.

Претходно Милошоски, негираше дека е осудено лице во Германија, но потврди дека во периодот кој стои заведен во документот бил таму.

Според расположливата документација, Милошоски во 2004. и 2005. година бил осуден и според прописите требал да плати парични казни за сторените дела, додека пак, во 2006. година беше назначен за Министер за надворешни работи во владејачката структура на ВМРО ДПМНЕ.

Слични содржини